| четврток, 6 декември 2018 |

Петгодишно дете направило повеќе од 4.000 склекови, па добило подарок нов „Мерцедес“

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, на 5-годишно дете му подарил потполно нов „Мерцедес“, откако направил 4.150 склекови.

Рахим Куриев (5), познат како „Чеченски Шварценегер“ наводно склековите ги правел два часа и 25 минути, а потоа својот успех му го посветил на Кадиров.

Погоден од овој гест, Кадиров го посетил момчето, за да му врачи „пригоден“ подарок на 5-годишното момче: клучеви од потполно нов „Mercedes Benz“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top