| четврток, 6 декември 2018 |

Федерер испадна во полуфиналето во Лондон

Младиот германски тенисер Александар Зверев првпат во кариерата ќе игра во финалето на завршниот Мастерс во Лондон.

Тој денес во полуфиналето го победи Швајцарецот и трет светски рекет Роџер Федерер со 2-0, по сетови 7:5 и 7:6.

Противник на Зверев во финалето ќе биде победникот на вториот полуфинален меч во кој се среќаваат српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и Кевин Андерсон од Јужноафриканската Република (почеток 21 часот).

Мастерс во Лондон се игра за награден фонд од 8,5 милиони долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top