| четврток, 6 декември 2018 |

Подгответе се, доаѓа Оливија

Во текот на оваа ноќ ќе има повремени локални врнежи од дожд, на повисоките места и на планините ќе паѓа снег, снежната граница има услови да се спушти и на местата со надморска височина од под 1000 метри.

Во текот на утрешниот неделен ден под влијание на Медитераснкиот циклон ОЛИВИЈА ќе имаме претежно облачно време со повремени врнежи од дожд и снег и на некои од пониските места, има услови и за врнежи од влажен снег.

На повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег, поинтензивни врнежи ќе има во јужната половина од државава каде локално ќе наврнат над 30 л/м2 воден талог а на повисоките места и на планините ќе дојде до формирање на позначителна снежна покривка. Услови за потенка снежна покривка има и на некои од населените места со надморска височина од над 500 метри и тоа претежно на запад и на југозапад. Поради циклонот ОЛИВИЈА целата територија на државава ќе влезе во ЖОЛТА ПРЕДУПРЕДУВАЧКА ФАЗА додека утре максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот само од 2 до 10 степени.

подготви: Славчо Попоски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top