„Сите таксени обврзници кои имаат заостанати и неплатени долгови, потребно е да ги намират своите обврски. Со цел да се избегнат непотребните блокирања на сметките, доколку се увиди дека постои платен, но нерегистриран долг, таксениот обврзник може да дојде во просториите на Град Скопје, барака 16, секој работен ден од 07:30 часот до 16:30 часот“, се вели во соопштението од Град Скопје.
Потсетуваат дека уште во март годинава се испратени опомени за неплатен данок на имот и комунална такса за фирмарина до сите правни и физички лица кои вршат дејност на територија на Град Скопје. Од причина што рокот во кој требаше да се изврши наплатата по доставената опомена е поминат, Град Скопје изготвил решенија за присилна наплата кои се доставени до таксените обврзници. Доколку по ваквото решение не се постапи, се изготвува решение за блокада на сметките на обврзниците по банки, информираат од Град Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст