За Клиничкиот центар идната седмица следува дебата во Парламентот. Во Владата заврши Комисијата, за делот на локациите, а покрај постоечката локација во Скопје Север, имаме локација во Петровец и во Ѓорче Петров, информира премиерот Зоран Заев.
– Заедно, кога ќе ја утврдиме локацијата, јас верувам дека предностите ќе бидат таму каде што нема да има потреба да се решаваат имотно-правни односи, односно локација со најмногу државно земјиште, најлесна урбанизација и лесно адаптабилна проектна документација на главен дизајн или главен проект. Ако сето тоа ние успееме да го завршиме до првото полугодие, ќе тендерираме заклучно до првото полугодие избор на изведувач. Се работи за џиновски проект, проектиран, грубо кажано околу 450 милиони евра, кој што е влезен во севкупниот план за контролиран јавен долг на државата. Така да, ако тргнеме и со таа активност, тоа е од дополнително значење, рече Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст