Славната слика на 81-годишниот британски уметник Дејвид Хокни, „Портрет на уметник (Базен со две фигури)“, се продаде на аукција во „Кристис“ во Њујорк за 90 милиони долари, што е рекордна сума за жив уметник.
Делото беше проценето на 80 милиони долари, а се продаде по 10-минутно телефонско наддавање помеѓу двајца купувачи.
Претходниот рекорд го држеше американскиот уметник Џеф Кунс, чие дело во 2013 година се продаде за 58 милиони долари.
„Портрет на уметник“ првпат било изложено во 1972 година во Њујорк, а „Кристис“ го нарече „едно од најголемите ремек-дела на модерната ера“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст