| четврток, 6 декември 2018 |

Мажите треперат пред жените родени во овие хороскопски знаци

Постојат жени кои точно знаат што сакаат и како да го добијат тоа. Нивната самодоверба, храброст, интелигенција, па дури и помалку надмоќниот став, кај многу мажи влеваат страв во коски.

Еве во кои хороскопски знаци се родени ваквите дами:

Овен

Жените родени во знакот на Овен имаат екстремно силна волја и немаат влакна на јазикот. Кога мажот ќе ги праша дали нешто не е во ред, тој ќе добие брутално искрен одговор.

Близнаци

Тишина во друштво на жена Близнак? Тоа е невозможно бидејќи тие обожуваат дискусии и се најгласни помеѓу пријателите. Она што за нив е обично плус на работното место, тоа најчесто ги плаши мажите.

Шкорпија

И најмоќниот маж нема шанси кај жената родена во знакот на Шкорпија. Таа со еден поглед ќе ја избрише сета негова машка гордост и его. Тешко дека можете да победите во дискусија со Шкорпија бидејќи таа секогаш крие силни и несоборливи аргументи во ракавот – вистинска жена-змеј.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top