| четврток, 6 декември 2018 |

Почна пријавувањето за вториот камп на „Реал Мадрид“ во Македонија

Вториот фудбалски камп на Реал Мадрид фондација ќе се реализира од 14 до 18 јануари 2019 во Охрид, на брегот на живописното Охридско Езеро, ставајќи ја нашата држава на мапата на земји во кои ќе се едуцираат фудбалери на возраст од 7 до 17 години. Кампот на Реал Мадрид фондација може да биде вистинското место што ќе им го трасира патот до фудбалските височини на сите момчиња и девојчиња што ќе бидат дел од него.

СПОРТПочна пријавувањето за вториот камп на „кралскиот клуб“ во Македонија и годинава поддржано од „Кожувчанка“Објавено пред 2 часа – 16 ноември, 2018Од Макфакс

Вториот фудбалски камп на Реал Мадрид фондација ќе се реализира од 14 до 18 јануари 2019 во Охрид, на брегот на живописното Охридско Езеро, ставајќи ја нашата држава на мапата на земји во кои ќе се едуцираат фудбалери на возраст од 7 до 17 години. Кампот на Реал Мадрид фондација може да биде вистинското место што ќе им го трасира патот до фудбалските височини на сите момчиња и девојчиња што ќе бидат дел од него.

Во интервал од пет дена специјално обучени тренери за млади категории од Шпанија, ќе го пренесат своето знаење и ќе бидат дел од мозаикот на кампот. Според програмата и правилата на Фондацијата на кралскиот клуб, сите членови на кампот мора да имаат максимални услови, опрема и стручна помош за сопствено усовршување. Сето она што ја комплетира личноста на фудбалерот, во делот на спортот, едукативни предавања на теми што се реална потреба за здрави спортисти, спортски бонтон, дружење и многу забава.

Фудбалот се учи на терен, но теоријата ја засилува комплетната личност на фудбалерот. Затоа, на кампот во јануари тренерите од Шпанија ќе имаат едукативни предавања за 5 суштински точки: респект, иницијатива, почит, самоконтрола и тимска работа.
Кампот како проект е планиран да биде своевидна база за селекција на млади играчи, на кои им е потребна надградба во секоја смисла на зборот.

Комплетната понуда на вториот фудбалски камп Real Madrid Foundation Campus Experience Macedonia може да се најде на следниот линк https://bit.ly/2Bb2KnS.

Пријавувањето, за да бидете дел од големото семејство на кралските „бели“, е во тек. Тоа може да се направи на следниот линк https://bit.ly/2K9FvxA.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top