| четврток, 6 декември 2018 |

Пола човек, пола мајмун снимени на Тајланд? (Видео)

Група туристи на Тајланд останале запрепастени кога во текот на веслањето со кајак во провинцијата Краби здогледале непознати суштества кои наликувале и на мајмуни и на луѓе, како одржуваат некој ритуал во внатре во пештерата.

Снимката од необичната глетка се појави и на Фејсбук и веднаш стана вирална.

На него се гледа мала група на суштества, додека на лицата на туристите се гледа зачуденост.

Според сведочењата на очевидците, суштествата одржувале некои облик на церемонија или ритуал, пренесува „Дејли стар“.

„Веславме со кајак кога налетавме на бизарната глетка во близина на пештерата. Суштествата изведуваат некаков ритуал во водата скоро половина час“ – изјавил Џемаил Кавај, момчето кое го снимило видеото.

Но, дел од светски медиуми шпекулираат дека ова не се животни туку луѓе со костими и оти се во ова е дел од некој перформанс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top