Со мнозинство гласови на пратениците, Европскиот парламент донесе Уредба за правата на патниците во железничкиот сообраќај.
Според неа, доколку возот доцни од 60 до 90 минути, патниците имаат браво да бараат да им се врати 50 отсто од износот кој што го платиле за картата. Ако возот доцни од 1,5 до 2 часа – се враќа 75 отсто од надоместокот, а за доцнење повеќе од 2 часа патникот има право да бара целосно рефундирање на средствата.
Патниците овие права ќе можат да ги остварат дури и ако доцнењето е предизвикано од лошите временски услови. Предлогот ги обврзува железниците да обезбедат простор за велосипеди, но и да го информираат патниците за сите нивни права.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст