| четврток, 6 декември 2018 |

Цеца Ражнатовиќ ја откри својата најболна тајна

Фолк ѕвездата Светлана Ражнатовиќ во интервју за српските медиуми ја открила својата најболна тајна која што ја чувала со децении. Имено, како што е познато во јавноста пејачката е мајка на две деца, Вељко и Анастасија. Нивниот живот таблоидите во соседството го следат во минута, но ретко кој знае дека Цеца била бремена и пред да го роди синот Вељко , но имала спонтан абротус.

После тоа иако имала само 22 години не можела да затрудни. Затоа и било направено вештачко
оплодување. Така со упорност и инвитро на сопругот Жељко Ражнатовиќ – Аркан му родила две деца. Како што пишуваат медиумите, вештачкото оплодување на Цеца го направил најпознатиот гинеколог Миленко Пророчиќ кој работел на гинеколошката клиника во Белград, а бил и професор на Медицинскиот факултет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top