Белата куќа ја сменила Мира Рикардел, заменик советник за национална безбедност, откако првата дама на САД, Меланија Трамп, рекла дека таа не заслужува да работи за нејзиниот сопруг, претседателот Доналд Трамп.
Веста за судирот протекла во јавноста во вторникот на необичен начин, кога канцеларијата на првата дама објавила соопштение во кое се бара смена на заменик советникот за национална безбедност.
Имено, како што пренеле медиумите, Меланија отворено му кажала на својот сопруг да ја отпушти Мира, која имала важна улога во претседателската кампања на Трамп, и која од оваа година ја врши функцијата заменик.
Спорот избил околу неодамнешната посета на Меланија на Африка. Смета дека немала доволно ресурси и дека за тоа била виновна Мира.
Изворот запознаен со ситуацијата тврди дека Рикардел се скарала со членовите на персоналот околу местото во авионот и користењето на ресурсите. Изворот додал дека напорите односите да се изладат биле крајно неуспешни.
Мира Рикардел ја следи репутација дека е во лоши односи со повеќето членови на Советот, освен со Џон Болтон, конзервативен експерт за надворешна политика кој и е претпоставен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст