| четврток, 6 декември 2018 |

Адвокатот Миланов: Власта е бесна, им се осветува на останатите обвинети

Да се оди со некакво известување од УБК за наводно нивно подготвување без факти, без дејствија, без аргументи сметам дека е апсурдно и сето ова е начин на освета. А на крајот на краиштата сето ова беше најавено синоќа во изјавата на господинот Оливер Спасовски, што укажува на спрега помеѓу власта и судството“, изјави Еленко Миланов, адвокат на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески по одложувањето на денешното рочиште за случајот „Титаник“.

Миланов во изјава за Реублика вели дека по бегството на порашениот премиер Никола Груевски власта е бесна и им се осветува на остантите обвинети во случаите на СЈО.

-Во моментот кога се објави дека Груевски не е во републиката, мерките за претпазливост кои се почитуваат во целост, се пренебрегнуваат и се носи ваква одлука, вели адвокатот Миланов.

Тој додава дека како втора страна, обвинетите треба да добијат убид во доказите што ги обезбедило обвинитеството од УБК, но не знаат ниту каде ниту како ниту пак кога обвинетите се подготвувале за бегство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top