| четврток, 6 декември 2018 |

Научна средба „Како се пишува историјата: од сеќавање до запис“

Францускиот институт во Скопје организира научна средба на тема „Како се пишува историјата: од сеќавање до запис“, којашто ќе се одржи в петок, 16 ноември 2018 год., со почеток во 10 часот во ЕУ инфо центарот.

Научната средба официјално ќе ја отвори Н.Е. г-дин Кристијан Тимоние, Амбасадор на Франција во Македонија, а на конференцијата учество ќе земат бројни реномирани интелектуалци и екперти од земјава, Франција и од регионот: г-дин Жан-Кростоф Буисон, помошник директор во списанието „Фигаро Магазин“,  г-дин Беноа Ивер, директор на издавачката куќа „Перен“, г-дин Емануел Ешт, новинар и историчар, г-дин Флорин Туркану, професор од Букурешт, г-дин Артан Путо, професор од Тирана, г-дин Петар Тодоров, историчар и г-дин Роберт Јанкулоски, професор и фотограф.

За настанот е обезбеден симултан превод и истиот се организира со поддршка на Регионот Нормандија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top