| четврток, 6 декември 2018 |

Прилепчанец удрил пешак со „Рено Клио“, починал на лице место

Вчера околу пладне, било пријавено дека во Прилеп на улицата „Александар Македонски“ патничко моторно возило „Рено Клио“ со битолски регистерски таблици управувано од Ј.Ф. (23) од Прилеп удрило во пешакот Б.К. (72) од Прилеп.

Пешакот бил пренесен во Општата болница во Прилеп каде од страна на лекар констатирана била смрт.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп и се работи на целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top