Министерството за култура денеска во печатените медиуми и на веб-страницата www.kultura.gov.mk го објави Конкурсот за доделување месечни надоместоци на самостојните уметници за 2019 година.
За стимулирање и помагање на уметничкото творештво на самостојните уметници, Министерството за култура за 2019 година ќе обезбеди средства од Буџетот на Република Македонија, како месечни надоместоци на самостојните уметници, за придонесите за здравствено, пензиско и инвалидско осигурување и за персоналниот данок на доход.
Право на учество на Kонкурсот имаат самостојни уметници кои се регистрирани во Централниот регистар на Република Македонија како трговец-поединец самостоен уметник за вршење уметничка дејност во согласност со Законот за културата и со Законот за трговските друштва.
Основни критериуми за доделување на месечниот надоместок на самостојниот уметник се уметничките вредности на неговото творештво и на неговите изведби и активности во текот на последните пет години.
Надоместок ќе му се додели на самостојниот уметник кој ги исполнува критериумите по одделни видови уметничко творештво утврдени во Правилникот за утврдување на критериумите за доделување месечни надоместоци од средства од Буџетот на Република Македонија за придонесите за здравствено, пензиско и инвалидско осигурување и за персоналниот данок на доход на самостојните уметници. Правилникот е објавен на веб-страницата на Министерството за култура www.kultura.gov.mk. Конкурсот ќе трае до 14 декември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст