| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба во Порта Македонија „Народните носии низ објективот на Тоше Дабац“

Во четврток, 15 ноември, со почеток во 19.00 часот, во Порта Македонија, ќе биде отворена изложбата „Народните носии низ објективот на Тошо Дабац“.
НУ Музеј на македонската борба – Скопје нуди ексклузивна можност да се видат фотографиите на еден од основоположниците на современата хрватска фотографија – Тошо Дабац. На изложбата ќе бидат претставени триесетина фотографии со мотиви од народни носии од различни краеви на Хрватска, БиХ, Македонија и други земји од регионот, во сопственост на Музејот на современа уметност во Загреб.
Изложбата се реализира во соработка со Културниот центар Травно и Работилницата за заштита и изнајмување на народни носии од Загреб, Република Хрватска, а е поддржана од Министерството за култура на Република Хрватска. На отворањето на изложбата ќе се обратат директорката на НУ Музеј на македонската борба – Скопје, г-ѓа Даниела Николова и директорот на Културниот центар Травно, Јосип Форјан. Специјален настап ќе има Ансамблот Македонија.

Изложбата ќе биде отворена до 14 декември 2018 година.

Тошо Дабац (1907-1970) е познат хрватски и светски фотограф и еден од основачите и еден од главните претставници на таканаречената Загребска школа на уметничка фотографија. Во долгогодишната кариера има оставено зад себе повеќе од 200.000 фотографии, а негов најголем фокус била социјалната фотографија преку мотивите на животот на улица, питачи, народ на улица, циркузанти, панаѓури, процесии и сл.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top