| четврток, 6 декември 2018 |

Брижит Макрон со шампањ во Версај ги пречека сопругите на светските лидери (галерија)

Гламур и луксуз во Версај се пиеле Бордо и шампањ. По крајот на церемонијата која се одржа пред Триумфалната капија во Париз и по завршувањето на сите официјални должности во чест на прославата за победата во Првата Светска војна , претседателите и лидерите се упатиле во Елисејската палата. Нивните сопруги пак биле гости на Првата дама на Франција, Брижит Макрон.

Француската прва дама во дворецот Версај организирала ручек за 45 сопруги на претседатели и високи државни претставници. На свечениот ручек меѓу другите присуствувале и првата дама на САД, Меланија Трамп, Шарлен од Монако и многу други.

Менито било богато и типично француско, пилешко од Брест со компири  од Соме и три врсти  на вино.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top