| четврток, 6 декември 2018 |

Дани Велбек по втор пат опериран за четири дена

Напаѓачот на Арсенал, Дани Велбек беше подложен на втора операција за неколку дена. Според официјалната веб-страница на „топџиите“, двете операции минале успешно, без компликации.

Сепак, времето за враќање на фудбалерот на терените сеуште не е одредено. Првата операција беше изведена во петокот, а втората во текот на вчерашниот ден.

За потсетување, Велбек се здоби со сериозна повреда на глуждот во натпреварот од Лигата на Европа со Спортинг Лисабон на 8 ноември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top