Познатиот радиоводител Виктор Петров – Викса остана без скутерот. Тој бил на неколкудневен пат низ Македонија, а кога се вратил, моторот веќе не бил во влезот каде што го оставил.
Ми го украдоа од ходник, тоа е исто како некој да ти го украде од двор. Комшиите велат дека не знаат ништо, како никој да не видел. Еве сега одам да се видам со полицајците кои го следат случајот, да проверам до каде се со истрагата – вели Викса за „Вечер“, додавајќи дека можеби тоа е и божја волја за да го намали стомачето и почесто да вози велосипед, кој деновиве и тоа како му е од корист.
– Кој знае зошто е тоа добро. Возам велосипед, па во целава работа имам и нешто позитивно, ќе го намалам стомачето. Искрено, очекувам крадците да бидат фатени бидејќи до мојот влез од зградата во Карпош има обложувалница и има камери. Доколку полицијата ги прегледа снимките, крадецот ќе биде фатен. Тие имаат снимено сѐ, па затоа и целава приказна доби сосема друг правец, а работата на полицајците и тоа како им се олесни, а очекувам наскоро да си го вратам моторчето. Како и да е, педер е тој што ми го украде моторотт, заврши водителот – коментира Викса.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Грк украл врв од столб од Акропол
-
Милионска кражба во Македонија: Обиен сеф на приватна фирма
-
Фатил жена во кражба: Кога ги видел нејзините деца наместо да ја уапси направил нешто неверојатно(видео)
-
Крадците го опустошија градот повеќе од ураганот: Група луѓе влегуваат по маркети и носат што ќе најдат(видео)