| четврток, 6 декември 2018 |

Кој ја злоупотреби Воената полиција? (ФОТО)

Возило на Воената полиција доцна синоќа беше фотографирано пред седиштето на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, каде што полицијата упадна бараќи го порнешниот лидер на партијата и премиер на Република Македонија Никола Груевски.

Фотографијата беше објавена на Фејсбук сгтраницата #Бојкотирам.

Пред седиштето на партијата прес-конференција доцна синоќа одржа и генералниот секретар Игор Јанушев, кој се појави со задоцнување, бидејќи и тој самиот беше задржан, легитимиран и претресуван од полициските алфи.

Јанушев обвини дека се работи за политичко-полициска акција оркестрирана од Зоран Заев.

Јанушев: ВМРО-ДПМНЕ е под полициска опсада

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top