| четврток, 6 декември 2018 |

Се се стори пепел: Оган му го проголта домот на славниот актер!

Актерот Џерард Батлер (48) на својот Твитер профил објавил потресна исповед. Имено, неговата куќа е уништена во пожарот кој се шири со километри. Глумецот кој се прославил со филмовите „Den of Thieves“ и „300“ објавил фотографија на која се гледаат остатоците од неговата вила. Џерард ги замолил своите следбеници фокусот да го стават на пожарникарите кои постојано се борат со огинот.

-После евакуацијата се вратив во мојата куќа на Малибу. Од Калифорнија пристигнуваат трогателни пораки. Благодарен сум им на пожарникарите. Благодарам на храброста и позитивниот дух- напишал актерот.
-Ужасно. Пожарот голта се пред себе. Не можам да замислам како ти е. Држи се, стари- се само некои од пораките со подршка.

Џерард не е единствена позната личност која е погодена од оваа трагедија. Гилјермо дел Торо, Ким Кардашијан, Алисиа Милано, Реин Вилсон се исто така евакуирани поради пожарот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top