| четврток, 6 декември 2018 |

Трамп со своја теорија за причината за пожарите во Франција

Додека пожарите во Калифорнија, во кои досега загинаа 31 лице, се уште горат, американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер објави своја теорија за „вистинските“ виновници за најразорниот пожар во историјата на земјата.

Како што јави Си-Ен-Ен, Трамп во саботата го навлече бесот на противпожарните служби со твит во кој напиша: „Нема друга причина за овие масивни, смртоносни и скапи шумски пожари во Калифорнија освен многу лошото управување со шумите. Милијарди долари се даваат секоја година, со толку загубени животи, а се поради катастрофално лошото управување со шумите. Исправете го тоа сега или нема повеќе сојузни исплати!”

Вчера во нов твит ја повтори својата „дијагноза“, односно предлогот за решавање на проблемот: „Со правилно управување на шумите можеме да го запреме пустошењето кое постојано се случува во Калифорнија. Опаметете се!”

Во Калифорнији на власт се демократите, со кои Трамп редовно се расправа тврдејќи дека практично ќе ги упропастат САД ако дојдат на власт во Вашингтон.

Противпожарните началници су прозваа Трамп поради, како што тврдат, навредите на пожарникарите и вовлекувањето на политиката во оваа природна катастрофа.

– Неговите коментари се недолични и навредливи за сите пожарникари и луѓе кои се погодени од пожарите, рече Харолд Шајтбергер, претседател на здружението на пожарникари.

Претседателот на Професионалните пожарникари на Калифорнија исто така се огласи.

– Пораката на претседателот во која ја напаѓа Калифорнија и се заканува дека ќе ја укине помошта за катаклизмичните пожари е лошо информирана, пратена во непримерен момент и понижувачка за сите оние кои страдаат, како и за мажите и жените на фронтот. Според мое мислење, овој срамен напад на Калифорнија е напад врз сите храбри мажи и жени на фронтот, рече Брајан К. Рајс и додаде дека префрлањето на вината што го направи Трамп е „опасно погрешно“.

Трамп, сепак, отпосле, посвети еден твит и на пожарникарите, односно на „повеќе од 4.000 кои се борат против пожарите Кемп и Вусли во Калифорнија во кои изгореа повеќе од 170.000 хектари“.

– Нашите срца се со оние кои се борат против огнот, со 52.000 луѓе кои се евакуирани и со семејствата на оние кои починаа. Уништувањето е катастрофално. Господ нека ги благослови, напиша тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top