Рајс минатата сезона настапуваше во екипата на Баерн Минхен, а неодамна потпиша договор со Макаби. Кампањата во дресот на баварскиот тим ја заврши со ефект од просечни 16,9 поени, 5,4 асистенции и 3,8 скокови на натпревар.
„Составот е одличен, препознавам многу добри имиња и свесен сум за силата на овој колектив. Запознаен сум со перфектниот учинок од 10 победи без ниту еден пораз во минатогодишните квалификации, а селекцијата е сочинета од многу квалитетни играчи како Пековиќ, Вуќевиќ, Дубљевиќ, младииот Ивановиќ. Мислам дека ќе бидеме добра екипа“, вели Рајс.
Потенцијалниот црногорски репрезентативец ги завршил сите формалности и од денеска ќе и се придружи на А селекцијата, која веќе ги почна подготовките на Златибор.
Инаку, тренерот Лика Павиќевиќ ќе треба да избира меѓу Рајс и другиот „странец“ во таборот, Тејлор Рочести, затоа што според правилата, само еден натурализиран кошаркар смее да игра на шампионатот.
Црна Гора групната фаза од Европското првенство во Јасенице ќе ја почне токму против нашиот тим, а во истата конкуренција се уште и репрезентациите на Србија, Летонија, Литванија и на Босна и Херцеговина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.