Времето денеска ќе биде сончево со мала облачност, а по одделни котлини се очекува појава на утринска магла. Ќе дува слаб претежно југоисточен ветер. Температурите ќе се движат во интервалот од 0 до 22 степена. Во Скопје слично време со температура до 19 степени.
Под влијание на антициклон, и во наредниот период во државава времето ќе биде стабилно, суво и натпросечно топло преку денот додека наутро ќе биде студено и со појава на магла и на ниска облачност по одделни котлини, информира метеорологот Славчо Попоски.
Минималните температури на воздухот ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 5 степени додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 20 степени.
Со ова веќе се потврдуваат и месечните прогнози за месец ноември во кои се укажа дека пред нас е сушен и натпросечно топол ноември, и ваквите неповолни временски услови многу лошо ќе се одразат врз земјоделието.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст