Собраниската Комисија за уставни прашања вчера со девет гласа „за“, пет „против“ и ниту еден „воздржан“ го поддржачетвртиот амандман на Уставот што произлезе од потребата за имплементација на Договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција.
Со усвојување на овој амандман Комисијата ја заврши расправата по четирите предложени нацрт-амандмани.
Со нацрт-четвртиот амандман се предлага покрај потврдување на македонскиот идентитет, да стои дека Републиката ги штити правата и интересите на своите државјани кои живеат или престојуваат во странство и ги унапредува нивните врски со татковината.
Претходните денови Комисијата усвои три амандмани на Уставот. Со првиот амандман се предлага замена на зборот Република Македонија со Република Северна Македонија секаде во Уставот, освен во член 36 каде има историски аспект, со вториот во Преамбулата на највисокиот правен акт одлуките на АСНОМ се заменуваат со Прогласот од АСНОМ и се додава Охридскиот рамковен договор, а со третиот се додава нов став со кој се декларира почитување на суверенитетот, територијалниот интегритет и политичка независнот на соседните држави.
Расправата по амандманите во Комисијата почна на 7 ноември и беше предвидено да трае 12 дена.
Пленарната седница на која треба да се разгледаат нацрт-амандманите е закажана за 1 декември. Нацрт амандманите се утврдуваат со просто мнозинство или 61 глас. По усвојувањето на амандманите во Собранието ќе биде организирана јавна дискусија, по што Владата ги изготвува предлог-амандманите и повторно ги доставува до Собранието кое треба да ги донесе со двотретинско мнозинство или за нив ќе треба да гласаат најмалку 80 пратеници. За амандманот на Преамбулата на Уставот освен двотретинско, потребно е и Бадентерово мнозинство.
На 19 октомври Собранието со 80 гласови „за“ ја донесе одлуката за пристапување кон уставни измени, согласно Договорот од Преспа. За потребата за уставни измени гласаа и осуммина пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст