Од декември македонските граѓани ќе може да летаат со авион директно до Берлин. Редовната линија ќе се воспостави од 20 декември од аеродромот Александар Велики два пати во неделата во понеделник и петок, а ќе ја опслужува „Флај Германија“, беше договорено денеска на состанокот на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески со претставници на германската авио компанија.
На средбата, како што информира Министерството за транспорт и врски, се разговараше и за можноста за воведување дополнителни дестинации до Хамбург, Штудгард и Франкфурт.
– Во Министерството за транспорт и врски сме цврсто убедени дека со воведувањето на новите авио линии, бројот на патници ќе биде дополнително зголемен, како и фреквенцијата на летови над македонскиот воздушен простор, стои во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.