| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе го засени новиот истанбулски: Се гради најголемиот аеродром во светот (видео)

Најновиот аеродром кој ќе се отвори следната година во Пекинг ќе биде најголем на светот.

Овој аеродром го дизејнирала покојната Заха Халид, многумина велат дека ќе личи на вселенско летало.

Стариот аеродром и понатаму ќе биде во употреба, а новиот  може да опслужи дури 45 милиони патници на сите четири писти. До 2025 година се предвидува дека таа бројка може да се зголеми и на 75 милони на годишно ниво.


Градењето на терминалите ќе чини дури 12 милјарди долари и ќе бидат отворени во јуни 2019 година, а според идејата на дизејнерката дизјанот е така направен да ја „оживее хармонијата на кинескиот релјеф“ додека боите и материјалите кои ќе бидат искористени во изградбата ќе го  истакнат јазикот и културата.

Новиот терминал е двојно поголем од терминал 5 во Хитроу, а максималното растојание од првиот до последниот гејт е 600 метри.

Аеродромот се наоѓа на 46 километри од центарот на Пекинг, а до него ќе возат и брзи возови и автобуси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top