| четврток, 6 декември 2018 |

Меси се врати, ама Барса се посрами

Шампионот и лидер во Ла Лига, Барселона доживеа голем срам, губејќи изненадувачки со 3:4 дома од Бетис во дуел од 12-тото коло на шпанската Ла Лига.

Домаќините одиграа исклучително слабо прво полувреме на својот стадион „Ноу Камп“, а дури повратникот по лекувањето на повредата на раката, Лео Меси не успеваше да создаде ништо креативно во првите редови.

За сметка на тоа каталонците беа трагични во дефанзивен план и головите на Фирпо и Хоакин се најмалку, со кое успеаја да се повлечат на полувреме.

Во 68-та минута Меси ги врати своите во натпреварот со гол од пенал, но голем кикс на Тер Штеген малку потоа доведе до трети гол за Бетис.

Артуро Видал реализираше во празна мрежа во 79-тата минута, но неизвесноста ја снема малку потоа, кога црвениот картон на Ракитиќ беше проследен со погодокот на Каналес за андалузијците. Меси постигна гол за 3:4 во додаденото време, но домаќините немаа време за ништо повеќе.

Барселона останува на врвот со 24 поени, но веќе води само со бод пред Атлетико Мадрид и Алавеш. Бетис е 12-ти со 16 поени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top