| четврток, 6 декември 2018 |

Ласовска: Ребалансот покажува дека ова е историски најнеспособната Влада во Република Македонија

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска на денешната седница за ребалансот на буџетот потенцираше дека овој ребаланс покажува дека ова е историски најнеспособната Влада во Република Македонија во сите области на живеењето, а особено во економијата, Влада на која никој не и верува повеќе во дека ќе поттикне економски развој и никој не знае каде се трошат парите на граѓаните.

-Го зголемивте јавниот долг на 47,7%, а државниот на 39,9%, а реализација на капиталните инвестиции е 25% што е еднакво на катастрофа, ги сопревте изградбите на автопатите, Клиничкиот центар и го одзедовте приматот на градежништвото кое беше главен двигател на економијата во изминатите години, вели Ласовска.

Таа истакна дека фамозниот Фонд за иновации само украде еден куп пари од граѓаните и ги даде на луѓе од кабинетот на Заев, на пратеници, на локални функционери и шефови на СДСМ, а за тоа никој не одговараше ниту ги вратија парите, иако додека беа опозиција СДСМ цело време повторуваа дека парите ќе се враќаат назад кај граѓаните.

Ласовска посочи дека ребалансот крати пари од кај младите од образованието, а за науката воопшто не се предвидени средства

-Кратите во образование 60 милиони денари, 170 милиони денари се кратат за реконструкција и изградба на ученички и студентски денови, 48 милиони се кратат за превод на книги, 87 милиони за реконструкција на основни училишта, а за високо образование 5,3%. Наука што беше тоа, нема воопшто пари за тоа, нагласи Ласовска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top