| четврток, 6 декември 2018 |

Нелсон Мандела го прославува 95-от роденден во болница

 Нелсон Мандела го прославува 95 –от роденден во болница во Преторија, Јужна Африка. Мандела е се уште во критична но стабилна состојба, откако на 8 јуни беше примен во болница со тешки респираторни проблеми.

Претседателот на Јужна Африка, Јакоб Зума изјави дека неговата здравствена состојба се подобрува.

–       Горд сум да ја наречам оваа меѓународна икона наша, на Јужноафриканците, и му посакувам многу здравје, рече Зума.

Ќерката на Мандела соопшти дека нејзиниот татко имала „драматично подобрување“ на здравјето и дека наскоро очекуваат да биде пуштен дома.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top