| четврток, 6 декември 2018 |

Активисти два часа го блокираа влезот на Струмица, протест против рудникот за бакар и злато „Иловица Штука“

Со двочасовна блокада на влезот на Струмица, активистите на Здружението „Здрава котлина“ и други еко организации од југоистокот го изразија својот став против изградбата на рудникот за бакар и злато „Иловица Штука“. Активистите побараа Владата да ја одземе концесијата на Еуромакс ресурсис и да се донесат измени во Законот за минерални суровини за да се забрани употреба на цијанид и сулфурна киселина.

Во писмена изјава од Еуромакс ресурсис, рекоа дека ги поддржуваат сите невладини здруженија и активности организирани согласно домашната законска регулатива.

Ја поздравуваме секоја активност која се залага за заштита на животната средина и здравјето на луѓето. Но, според нас тоа не мора да биде на сметка на добросостојбата и просперитетот на локалната заедница. Еуромакс ресурсис не беше контактиран за денешниот настан во Струмица организиран од локални невладини организации и Еуромакс не се залагал за негова промоција или спречување, се вели во писмената информација. – „Еуромакс ресурсис“

Од Здружението Здрава котлина велат дека и понатаму ќе продолжат со активности се додека, како што велат, не се стави Стоп на рудниците на смртта.

извор: TV21

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top