-Се беше како и обично. Се собравме да се забавуваме, а тогаш се појави тоа момче. Нудеше таблети. Софија зеде една и одеднаш пребледе-вака на кобната забава каде се продавало смртоносно екстази од чие дејство почина тинејџерката Софија Сиљаноски(15), се присетува нејзина другарка.
Ова девојче било со Софија на прославата во еден стан во Аранѓеловац во петокот вечерта, кога дошол локалниот дилер Никола Б.(21)и донел таблети екстази.
-Тој понуди таблети, но јас не земав, но имаше многу кои пробаа. Не се сеќавам дали Софија пиеше алкохол, но одеднаш и се слоши-рекла тионејџерката.
Како што раскажува, на Софија и било се полошо.
-Другарите веднаш ја одвезоа дома. Подоцна слушнавме дека е во болница. Знам дека порано такво нешто немаше пробано. Многу сме тажни. Изгубивме добра другарка- рекла другарката на Софија.
Како што се дознава, таблетите чиј состав ќе се утврди после токсиколошката анализа, се продавале за 400 динари парче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.