| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО и СДСМ играа фудбал во Тетово

Денес, на 09.11.2018 година, на заедничка иницијатива на младинците на ограноците на најголемите македонски политички партии од Тетово, УМС на ВМРО ДПМНЕ и СДММ одиграа пријателски фудбалски натпревар. Ова е прв пат политичките соперници да се “пресметаат” на некој од спортските терени во градот.

“Вистинското другарство не познава граници! Пријателски натпревар помеѓу членовите на УМС на
ВМРО ДПМНЕ и СДММ од Тетово. Заедно за доброто на младите.
Денес на роденденот на Социјалдемократската младина на Македонија да покажеме дека и вака се може!

За добро да е. “- напишаа на социјалните мрежи.

Натпреварот се одигра во максимално фер атмосфера, со многу погодоци и забава. Падна и по некоја политичка шега.

Младинците се договорија да одиграат и реванш, како и да соработуваат на решавањето на најважните прашања за младите во иднина.

Новите генерации не се задоени со омраза. Ние сме другари кои заедно пиеме кафе, имаме различни погледи, но една иста цел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top