Денеска на автопатот Е42 во близина на белгискиот град Монс, се случи инцидент во колоната во која биле Премиерите на Белгија Чарлс Мичел и на Британија Тереза Меј. Возило се заби во колоната од возила, и притоа биле повредени двајца полицајци.
Би-Би-Си јавува дека инцидентот се случил на патот кон гробиштата во Монс, и едниот полицаец бил повреден откако се обидел да се пробие меѓу возилата на премиерите. Портпаролот на Мичел истакна дека двајцата полицајци морале да вршат маневри за да избегнат судар со возилото, и притоа едвај избегнале судар со автомобилот на Мичел. Едниот полицаец паднал од моторот, но не е потешко повреден.
Премиерката Меј била понапред и не знаела што се случува, но подоцна била информирана за настанот.
Полицијата испитува дали станува збор за атентат. Оваа несреќа доаѓа после два дена од приведувањето на шест лица во Франција кои подготвувале напад на претседателот Емануел Макрон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст