Во врска со денешниот инспекциски надзор во дел од фирмите поврзани со „Орка Холдинг“, оттаму реагираа преку соопштение до јавноста, пренесувајќи ја изјавата на извршниот директор на Орка Холдинг, Јордан Камчев.
-Би сакал да ја информирам јавноста дека како сопственик на повеќе компании во Македонија, кои вработуваат над 3000 лица, максимално сме отворени и транспарентни за секој инспекциски надзор.
Компаниите во кои сум сопственик, со целосна одговорност изјавувам дека, ги почитуваат позитивните законски прописи во Република Македонија и токму поради тоа верувам дека многу брзо ќе се отстрани секаков сомнеж околу нивното работење.
Отврени сме за соработка со СЈО, како и со сите други државни институции во земјва, а пред се во интерес на одржување на квалитетна бизнис клима и економски просперитет во земјава – напиша Јордан Камчев во соопштението до јавноста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст