| четврток, 6 декември 2018 |

Високите зони на Аеродром, Ново Лисиче, Сопиште и Припор во понеделник без вода

ЈП „Водовод и канализација“ информира дека реконструкција на водоводна линија на дел од водоводната цевка со пречник од 400 милиметриво делот од булеварот „Србија“ во Кисела Вода, од „Енерго систем“ до пред кружниот тек за влез во Цементарница Усје АД Скопје во должиина од 450 метри, која беше најавена од директорот на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Душко Весковски успешно заврши.

Од претпријатието соопштуваат дека со поставувањето на оваа нова линија ќе се реши проблемот со водоснабдувањето во високата зона во Аеродром и ќе се намали бројот на дефекти кои во минатото се појавуваа доста често на овој потег. Вкупната инвестиција изнесува шест милиони денари, кои ги инвестира ЈП Водовод и канализација – Скопје.

– Поради преповрзување од старата на нова мрежа која постепено ќе се става во функција би сакале да ве информираме дека на ден 12.11.2018 (понеделник) без вода за пиење од 9 часот до завршување на активностите ќе бидат корисниците од населбите Аеродром и Ново Лисиче (висока зона – стамбените објекти над 5ти кат), Припор, Сопиште, Ракотинци и Добри Дол. Ова го правиме во интерес на граѓаните на посочените населени места се со цел во иднина да да не се соочуваме со досегашните проблеми.

Кај дел од корисниците во Кисела Вода може да има намален притисок додека траат активностите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top