| четврток, 6 декември 2018 |

Тешко повреден велосипедист на Партизанска

Велосипедист се здоби со сериозни повреди откако во него удри автомобил „Опел Корса“ на крстосницата од булеварот „Партизански Одреди“ и улица „Никола Тесла“ во Скопје.

Поради тешките повреди, 28-годишниот велосипедист итно бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“, каде му била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top