Со кандидатите за бугарски пасоши работеле над 100 посредници кои помагале во собирање документи и адреси за регистрација. Македонците за бугарски пасош плаќале 1.000 евра, Косовците и до 5.000 евра, тврди сведок за БТВ, пишува Дојче веле.
Македонците биле ценовно „привилегирани“ во процесот за добивање бугарски паош. Ова произлегува од сведочењето за националната бугарска телевизија БТВ на лице кое „одблиску било запознаено“ со корупциска шема во Агенцијата за Бугарите во странство – скандал кој деновиве ја тресе Бугарија и предизвика апсење на директорот на Агенцијата.
„Најлесно се станува Бугарин ако си отвориш фирма и назначиш 10 вработени. Врз основа на оваа трговска дејност, се добива статус на постојан престој. Вториот начин е кога странски државјанин од земја надвор од ЕУ, поседува фирма и си вади сертификат за отворање трговско претставништво во Бугарија. Третата варијанта, која најчесто користи во последниве години, е да се издејствува статус за постојан престој врз основа на документ за бугарско потекло“, објаснува сведокот.
Според него, со кандидатите за бугарски пасоши работеле над 100 посредници и токму тие помагале во собирањето на потребните документи и адреси за регистрација.
„За добивање сертификат за бугарско потекло на лице од Македонија тарифата е 1.000 евра, а за лица од Косово помеѓу 3.000 и 5.000 евра“, тврди сведокот.
Како се одвива постапката?
Според сведочењето, посредниците обезбедуваат лажни адреси за барателите на пасош.
„Тие користат фиктивни адреси. Сумите се различни за различни региони на Бугарија, и се движат од 50 до 100 евра по лице за адресно регистрирање. Тоа е најмасовно во пограничните региони со Македонија и Србија, во областите Благоевград и Ќустендил“, објаснува соговорникот на БТВ.
Според него, посредникот остварувал контакт со раководниот службеник во „вообичен работен ден“ во реонот на Агенцијата, и тогаш биле предавани сите документи, вклучително и парите. Во Агенцијата се работело и според тарифи за експресна нарачка на пасоши, како и за услуги за странците со муслимански имиња.
„Најчесто поединците плаќаат меѓу 300 и 500 евра за побрзо издавање на документот. Покрај тоа, има и поделба според тоа од која земја е апликантот – дали реално има основа на лица од одредена земја да им бидат издавани документи за бугарско потекло, и дали кандидатите имаат муслимански или христијански имиња“, објаснува тој.
Македонец кој поседува бугарски пасош, а нема бугарско потекло, за ДВ неофицијално потврдува дека во времето кога тој аплицирал – тарифата за посредникот изнесувала 500 евра. Не ја соопштува годината, а ја илустрира како „раниот почеток на треската по бугарски пасоши“. Вели дека во таа сума не спаѓаат дополнителните трошоци за патувања до Софија заради неопходните процедури, како и плаќањето на други „ситни услуги“ за посредникот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


