| четврток, 6 декември 2018 |

Заев молчи за врските со рускиот бизнисмен

Ниту вчера, ниту денес нема одговор од Зоран Заев за наводите во медиумите коишто пишуваат за вмешаност и поврзаност на власта со рускиот бизнисмен Иван Савидис кој финасира проруски партии, а финансиски е распослан низ соседна Грција, истакна во понеделникот на прес-конференција го истакна портпаролот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски., откако изминатиот викенд беше објавено за координацијата на мрежата на рускиот финансиер Иван Савидис, кој е близок до рускиот претседател Владимир Путин и Владата на Република Македонија.

„Зоран Заев мора да одговори на индикациите во медиумите каде спротивно на владата и компанијата „СЕКЕ“ од Прилеп, за тоа дека не е поврзана со бизнисите на Савидис, стои наведеното во сопственичката структура на компанијата на Сависид, јавно достапна на интернет, каде јасно е наведена прилепската компанија како содружник. За заедничката партнерска и сопственичка структура на „СЕКЕ“ и грчката „СЕКАП“ АД ГРЦИЈА пишуваат и грчките и бугарските медиуми, а се пренесени и во македонските медиуми. Потребен е одговор за пишувањата и сомнежите за можна релација на Заев и владата со рускиот бизнисмен, близок до Москва, распослан низ Грција, Иван Савидис, потенцира Стоилковски.

Рече дека е потребен е одговор на прашањата:

„Дали и колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија, и дали има поврзаност со Владата, премиерот и висок функционер од ЛДП која што е дел од владејачката коалиција?

-Дали Заев знаел чија компанија посетува кога го посети тутунскиот комбинат во Крушево, кој што е дел од синџирот на компании на Савидис? Дали Заев беше придружуван од Панајотис Теранидис, човек кој што е од доверба на Савидис?

-Колку се зголемени приходите на компанијата Секе на Савидис по 2017 година односно откако Заев ја презеде власта?

-Дали поранешниот директор на Државниот земјоделски инспекторат, Јане Станкоски кадар на приврзокот на Заев ЛДП, е главен потписник, прокурист на компанијата на Савидис?

-Дали Заев знае дека неговиот пријател, солунскиот градоначалник Јанис Бутарис, е тесно поврзан со Иван Савидис, кој што веројатно му е и спонзор во политичката кариера?

– Дали знаел Заев дека хотелот Македонија Палас во Солун, или како милува Заев „Тесалоники“, каде што тој оди на прослави со семејството и советниците од владата, е токму хотел на Иван Савидис?

-Уште од насилното заземање на власта, Заев и неговата однародена криминогена банда се обидуваат секое спротивставување на насилните политики за обезличување и бришење на македонскиот народ , посебност и историја да ги прикаже како „странска руска интервенција“. Заев до сега освен празни флоскули, но и лаги, имајќи ги предвид раскажаните наводни сведочења на малолетници, нема предочено никаков реален показател ни од него ни од полицијата. По дилемите кои што сега ги отворија медиумите, со можност за сомневање таа врска да биде во насока на владиното делување, Заев има сериозна обврска да даде одговори на поставените прашања. Во спротивно само ќе ги засили сомнежите“, вели Стоилковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top