| четврток, 6 декември 2018 |

Апелација му ја зголеми казната – 2 години затвор за гинекологот кој лажеше пациентка дека е бремена

Апелациониот суд Скопје ја потврди пресудата на Основниот суд Скопје 1 и донесе построга казна од претходната која беше 1,5 година затвор – 2 години затвор за гинекологот Николче Дамчевски, кој 9 месеци лажеше пациентка дека е бремена. Апелација ја потврди и забраната за вршење дејност во траење од 8 години.

Пресудата е извршна, што значи дека Дамчевски во секој момент може да замине на издржување на казната затвор.

Според пресудата, гинекологот Дамчевски е виновен за тешки дела против здравјето на луѓето и фалсификување исправа. Тој пред пред судот ја призна вината и за двете дела, несовесно лекување и фалсификување на медицински документи.

Гинекологот кој лажеше пациентка дека е бремена, доби отказ

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top