| четврток, 6 декември 2018 |

Нова епизода омаловажување на обвинетите во „Титаник“: 30 студенти им дишат во врат, зашто судијата така сакал

Денеска во Кривичниот суд продолжи судењето за предметот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство. Наместо правично судење и фер услови, Кривичниот суд во Скопје продолжува да се изживува со обвинетите и да им приредува понижувачки епизоди.

На денешното рочиште во судницата се викнати 30 студенти за да го следат целиот процес. Студентите не се сместени во делот за јавност, туку седат до обвинетите, што е надвор од сите прописи. По желба и наредба на судијата, адвокатите немаат право на збор.

Оваа епизода е уште еден од многуте докази дека во Република Македонија не владее правото, судствотое заробено, а правосудниот систем селективен. Кривичниот суд и СЈО спроведуваат политички прогон врз политички неситомисленици на власта, а судиите кои судат на предметите на СЈО спроведуваат самоволие во судниците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top