Американската демократка од Мичиген, Рашида Тлаиб (42), стана првата муслиманка избрана за американскиот конгрес. По неа, во Конгресот влезе и муслиманката Илхан Омар (36), демократка од Минесота. Тие се првите муслимански избрани во американскиот Конгрес. Омар, која има сомалиско потекло, ќе биде прва американска законодавка која во Конгресот ќе носи марама на главата.
Во Конгресот за првпат се избрани и две домородни Американки.
Шарис Дејвидс, која ќе го застапува Канзас, е адвокат и поранешен ултимејт фајтер, но и отворено се декларира како лезбијка, додека Дебра Халанд (Њу Мексико) е долгогодишна активистка со прогресивна платформа.
Вероника Ескобар и Силвија Гарсија се првите латино конгресменки од Тексас, иако тие сочинуваат една третина од тамошната популација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст