Писателот Божин Павловски денеска од страна на Комисијата за верификација на факти и официјално беше прогласен дека бил соработник на тајните служби, пишува порталот „МКД.мк“. За негова лустрација гласаа осум членови, а против гласал само Чедомир Дамјановски. Од Комисјата само соопштија дека одлуката ќе биде објавена преку официјалната интернет страница.
Писателот Павловски завчера во отворено писмо до јавноста упати остри критики за процесот на лустрација и ја извести јавноста дека ќе ги напушти МАНУ и Друштвото на писатели на Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.