| четврток, 6 декември 2018 |

„Војводи“: Згрозени сме што не ставате во ист кош со „Балистите“

Навивачката група „Војводи“ од Тетово, испрати соопштение до јавноста, во која како што велат, се „згрозени“ од натписите и известувањата на дел од медиумите кои се обидоа да го оправдаат говорот на омраза на навивачката група „Балисти“ пред два дена.

Соопштението го пренесуваме интегрално

„Почитувани Тетовчани, Македонци и почитувани навивачи, симпатизери и членови на навивачката група Војводи,

Пред се сакаме да Ви се заблагодариме на сите кои присуствувавте на 30тиот роденден на Војводи Тетово. Викендот кој помина навивачката група Војводи Тетово приреди незаборавна прослава во која многу генерации имаа чест да ја видат верноста, бројноста и организираноста на една од најдобрите и најголемите навивачки групи во Тетово и Македонија. Родеденот ќе остане запаметен по едно од најдобрите кортеа што Македонија го видела, и секако беспрекорно навивање за време на натпреварот со Струга. Исто така би сакале да се заблагодариме и на сите членови кои учествуваа во хуманите акции кои беа организирани од нашата навивачка група во прошлите 6 месеци.

Прославата на 30 години Војводи помина во НАЈМИРНА атмосфера БЕЗ НИКАКВИ ИНЦИДЕНТИ предизвикани од нашата навивачка група. Згрозени сме од некои натписи во медиумите кои сакаат да не стават во ист кош со навивачката група на шкендија, која не само што вербално нападна Тетовчани од македонска националност, туку и пробаа да демолира македонско кафуле во кои беа присутни граѓани од македонска националност највеќе девојчиња и мајки со малолетни деца кои немаат никава врска со Војводи Тетово.

Сакаме да ја запрашаме тетовската полиција зошто не ги примени истите мерки за претпазливост за навивачите на шкендија кои беа применети за нас ?Зошто тетовската полиција не реагираше брзо и не уапси никој од навивачите на Шкендија кога се однесуваа варварски и каменуваа приватни локали само затоа што сопствениците се Македонци ? И дали Тетовската полиција има контрола во нашиот град и може да ја гарантира безбедноста на граѓаните во Тетово ?

Како навивачка група одговорно тврдиме дека од наша страна немаше никакви ицниденти и бараме од МВР, ОЈО и сите медиуми да не ги ставаат Вовјоди Тетово во ист кош со нашите комшии варвари кои очигледно не можат да се соочат со нас и нашиот успех и мораат да напаѓаат недолжни граѓани и објекти.
И за крај би сакале да ги потсетиме навивачите на шкендија на познатата македонска поговорка:
Кога не можеш да удриш по коњот, удри по самарот, е тоа сте вие и исто сакаме да им порачаме дека кога ќе се одлучат да станат вистинска навивачка група, може да не најдат во Тетово и отворени сме да ги научиме на кодексот на однесување на навивачите.
БОРБАТА ЗА ТЕТЕКС, ТЕТОВО И МАКЕДОНИЈА ПРОДОЛЖУВА !
СО ВЕРБА ВО БОГ ВОЈВОДИ ДО ГРОБ !

Војводи Тетово
06/11/2018“ – пишуваат „Војводи“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top