| четврток, 6 декември 2018 |

Незапаметено убиство во Висконсин, 10-годишно девојче шутирала бебе во глава до смрт! (Видео)

Десетгодишно девојче од Вискосин, САД е обвинето за убиство на шестмесечно бебе.

Окружниот обвинител, Вејд Њувел изјавил дека девојчето, чии идентитет не сака да го открие, му ја скршила главата на шестмесечно бебе, додека била на чување во градот Тилден.

Полицијата соопштила дека девојчето го фатило паника кога бебето и испаднало од прегратките.

-Бебето со глава удрило во земја и почнало да плаче. Девојчето не знаело што да прави , по што со нога започнало да го удира бебето старо 6 месеци по главата, без да престане, изјавил обвинителот.

Шестмесечното машко бебе во болница било донесено без знаци на живот , истакнал шерифот Џејмс Ковалчик.

Девојчето прво негирало дека го удирало бебето , но подоцна раскажала и признала се пред обвинителите.

Според законот на Висконсин, на 10-годишното девојче ќе му се суди како на возрасна личност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top