| четврток, 6 декември 2018 |

Николоски: Владата потпиша Договор кој не може да биде поништен во иднина

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски вечерва во Само вистина на Канал 5, вели дека во Договорот со Грција нема реципроцитет.

Прашува зошто Грција не се обрзала да им овозможи заштита и права на Македонците во Грција.

Николоски вели дека за 6 месеци не се решава вакво прашање.

-Има две катастрофални работи. Пишува дека овој Договор не е отповиклив. Владата потпиша Договор кој не може да биде поништен во иднина, и се понишува времената спогодба, рече тој.

Николоски тврди дека власта сака да ја скрие лошата страна на Договорот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top