| четврток, 6 декември 2018 |

МВР склучило договор во 4 очи вреден 2,8 милиони денари

Министерството за внатрешни работи на 1 ноември склучило договор во 4 очи вреден 2,8 милиони евра односно околу 45 илјади евра, за сервисирање на уреди за мерење на брзина на возила.

Како што стои на страната на Бирото за јавни набавки предмет на договорот за јавна набавка е услуги за дефектажа, сервисирање, калибрација и верификација на уреди за мерење на брзина на возила – ласерски радари, а постапката се одвивала со преговарање без претходно објавување на оглас.

Упатените коментираат дека со укинувањето на советот за јавни набавки кое се случи непосредно по доаѓањето на власт на СДСМ институциите изгубија контрола врз постапките за јавни набавки кои се почесто се склучуваат во 4 очи. На овој начин се отвораат нови можности околу злоупотреби на целиот процес и се отвора можност за корупција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top