| четврток, 6 декември 2018 |

Осум од 10 родители во земјава се насилни кон своите деца

Осум од 10 родители во земјава се насилни кон своите деца, покажуваат неодамна обработените статистички податоци. Според евроамбасадорот, Самуел Жбогар, информациите се загрижувачки, па најави дека во следниот извештај за напредокот на Македонија ќе се разгледа и колку ќе се променат овие навики на родителите.

„Истражувањето во рамките на ИПА проектот покажа дека 8 од 10 родители користат насилство за да ги дисциплинираат своите деца, што мислам дека е алармантно. Исто така, загрижувачко е бидејќи е многу повисоко од просекот во Европа.“ изјави, Самуел Жбогар, амбасадор на ЕУ

Надлежните министерства во соработка со ЕУ и УНИЦЕФ започнаа кампањата за образование на родителите, под мотото „И родителството се учи“. Изјави, Мила Царовска, министерка за труд и социјална политика.

Министерот за здравство Венко Филипче истакна дека елиминирањето на сите видови насилство до 2023 година е врвен приоритет на неговиот ресор. додека министерот за образование, Арбер Адеми, најави дека со новиот закон за основно образование ќе се зголеми соработката помеѓу родителите и стручниот кадар на училиштата.

„Оваа компонента на едукативно-образовниот процес, односно соработката помеѓу училиштата и родителите или класниот ќе се зајакне со нови решенија кои ќе бидат интегрирани во новиот закон за основно образование кој е во фаза на подготовка.“ изјави, Арбер Адеми, министер за образование

Амбасадорот на УНИЦЕФ, Бенџамин Перкс, истакна дека емоционалната негрижа и физичкото насилство може да се решат преку државни политики и оти тоа не е важно само за среќата во семејството, туку и за социјалниот, економскиот и демократскиот развој на целото општество.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top