| четврток, 6 декември 2018 |

Цеца официјално откри: „Ќе правиме голема српска свадба!“

Во најновиот број на српскиот магазин „Hello“ на насловната страница е фолк ѕвездата Цеца Ражнатовиќ заедно со Вељко и Анастасија.

Во најновиот број на српскиот магазин „Hello“ на насловната страница е фолк ѕвездата Цеца Ражнатовиќ заедно со Вељко и Анастасија.

Поводот за тоа е свршувачката на Вељко. Веќе е потврдено дека се подготвува голема српска свадба, на која 23 годишниот наследник на Цеца и Аркан ќе основа свое семејство.

Ќе правиме голема српска свадба. Но, засега не би сакала да ги откривам деталите, изјави Цеца.

Неофицијално, српскиот магазин пишува дека свадбата ќе се случи во месец јуни 2019 година во познат белградски хотел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top